Грчки полицајци прават „парче“ на пат кон македонска граница

Уште едно предупредување на социјалните мрежи за туристите кои си заминуваат од Грција.

Туристка на фејсбук групата „Во живо од Грција“ сподели дека грчката полиција ги запира речиси сите возила и пишува казни.

- Можеби ќе му помогне на некого, на 10 километри пред Евзони и излезот од Грција полицијата го запира речиси сите возила и пишува казни. Ние поминавме со 50 евра, плативме на граница и излеговме без проблем, вели таа.