Од вечерва Ѓорче Петров почнува со одбележувањето на „Деновите на општината“

Од денеска до 23.09.2023 (сабота) во Ѓорче Петров ќе се одржат многубројни културно-уметнички настани, детски концерти, изложби, концертот "Македонијо во срце те носиме", како и одбележување на Ден на Општина Ѓорче Петров со традиционално положување свежо цвеќе.

- Ги поканувам сите ѓорчепетровци, наши сограѓани, да присуствуваат на овие убави настани и сите заеднички да го одбележиме Денот на Општина Ѓорче Петров и да уживаме во неколкудневната музичка програма, стои во поканата од првиот човек на општината Александар Стојкоски.