Од нашето семејство за вашето: Новата магична, емотивна и трогателна реклама на Дизни

Ова е еден од најубавите период кои ни претстои, период кој и наспроти сето она што се случуваше во светот е период за семејството, љубовта, надежта и желбите за подобра година. Овој период го одбележуваат и прекрасните реклами кои даваат одлични и мудри пораки и кои имаат способност длабоко да нè трогнат.

Една од тие реклами е и рекламата на британската подружница на Дизни, која оваа година е и специјална затоа што заедно со рекламата поттикнаа и акција за помогнување на организацијата „Замисли си желба“ која им помага на болни дечиња.

Како што и тие сами најавуваат во описот на рекламата: „Иако времињата се менуваат и луѓето растат, омилените семејни традиции создаваат долговечни спомени кои траат со генерации и кои нè држат заедно, особено во време на празничните периоди. Лола и нејзината баба споделуваат љубов за Дизни и создавање божиќни и новогодишни украси, но со текот времето, тој ритуал почнува да избледува. Гледајќи наназад низ спомените, Лола решава да ѝ приреди на својата баба прекрасно изненадување и одново да ја врати таа специјална врска.

Уживајте во ова видео, кое Дизни го нарекуваат: „Од нашето семејство за вашето“.

Невозможно е да останете рамнодушни!