Обновени паркинг местата за лица со попреченост на Водно

ЈП „Градски Паркинг” Скопје ги обнови, односно обележа веќе постоечките паркинг места за лица со попреченост на зона А0 на Водно, информираа од претпријатето. 

Оттаму упатија и апел за совесно паркирање. 

-Апелираме до сите граѓани да паркираат совесно и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно. Сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на места означени за лица со попреченост ќе бидат санкционирани, порачаа надлежните.