Новинарката Симоновска алармира: Нема да остане кој да ни стави стент во земјава

Бурни реакции на социјалните мрежи откако министерот за здравство Илир Демири вчера изјави дека протестот на специјализантите во овој период е политички мотивиран

Новинарката Мирослава Симоновска алармира, нема да остане кој да ни стави стент во земјава! 

- Аууу министерот рекол дека овие 400 сиротињи што немаат здравствено док не лечат нас во државните болници и се изложени на сите патогени и болештии, биле политички мотивирани. А тоа што кога ќе отидеш на Клинички центар имаш поголема шанса да те удри метеор отколку да го најдеш професорот, туку секогаш специјализантиве го маваат неговиот печат изгледа не е политички мотивирано? Тоа што се шлапа и шуто и рогато да биде директор на директорот, исто така? Затоа овие политички мотивираниве мора да доставуваат храна во кликни јади? Затоа пред месец дена кога штрајкуваа ги прелажавте, а они ко млади наивни БОЖЕ ме опрости ви поверуваа? Децо, ни стент ќе нема кој да ни стаи у државава од нервозиве!  - напиша таа на својот фејсбук профил за односот на надлежноте кон оваа категорија на медицински лица. 

Изјавата на министерот од беше оценета како срамна и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. 

- Изјава срамна за еден министер за здравство, доктор кој е дел од истиот систем за кој приватните специјализанти толку многу се борат за да го оддржат во живот! - порачаа тие.