Нови униформи и нова спортска сала им вети Ѓорѓиевски на учениците од „Кузман Јосифовски-Питу”

Ученици од четврто одделение од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” од Кисела Вода денеска беа во посета на локалната самоуправа и се запознаа со работата на градоначалникот, со работата на општината и администрацијата.

- Нашите млади дечиња се иднината на општина Кисела Вода, но и на Република Македонија. Затоа, за нив ќе направиме сѐ! За овие паметни и вредни деца вреди целиот наш труд. Вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме во креирањето на нивна подобра иднина, порача по средбата со нив првиот човек на општината Орце Ѓорѓиевски. 

- Нашите инвестиции во образованието ќе продолжат со несмалено темпо и понатаму. Од оваа заедничка прошетка низ општината произлегоа и големи идеи кои им ветив дека ќе се реализираат. Најмногу се израдуваа на униформите кои наскоро ќе ги добијат но и спортската сала кои заеднички ја договоривме, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.