Нови ЛЕД светилки во тунелот Бел Камен пред Велес (ФОТО)

Министерството за транспорт и врски заврши со осветувањена тунелот пред Велес. Претходно извршено беше осветлување на тунелот кај Катланово на автопатската делница Скопје-Велес.

Наскоро се очекува да се започне со работа и на третиот тунел на потегот Велес-Катланово која би требало да заврши до октомври годинава.

Осветлувањето се врши ЛЕД светилки со што значително се зголемува прегледноста на возачите, како и безбедноста во сообраќајот.