Нови клупи поставени на повеќе локации низ Аеродром

Во пресрет на летото, детскиот распуст и зачестените прошетки во маалата, општина Аеродром започна акција за обнова на урбаната опрема на неколку локации во Аеродром.

- Во рамките на овие активности, деновиве општински служби поставуваат нови клупи и урбана опрема во населбите Мичурин, Ново Лисиче и зад ТЦ „Бисер“, а истовремено се опремуваат и помалите нови паркови во Стар Аеродром, информираат надлежните. 

- Обновата на урбаната опрема ќе донесе нова енергија на маалскиот живот. Општина Аеродром останува посветена на подобрување и унапредување на инфраструктурата во сите населени места, порачаа од локалната самоуправа.