Новата 2017 е година на огнениот петел

Новата 2017 година, во која според кинескиот хороскоп петелот ќе го заземе местото на мајмунот, нема да биде период на опаѓање и застој, како што сметаат многумина, тврди рускиот астролог Павел Глоба.

Како што додава тој, доказ за тоа е карактерот на петелот. Петелот се одликува со креативно размислување, необичен пристап при решавање на комплексни проблеми, подвижност, контактност и лесен поглед кон животот.

За разлика од својот претходник – мајмун, петелот се труди со сите сили да ја избегне тешката и макотрпна работа. Имено, тоа ќе помогне да се донесуваат правилни одлуки, да се избегнат многу конфликти и да биде пронајден правилен пат за развој и примена на талентите.