Никогаш нема да бидам пријател со моите бивши

Иако многу доцна, сепак сфатив дека не можам да ти бидам пријател. Се каам во овој момент и ме боли срцето додека го пишувам ова, но можеби требаше да го сфатам порано. Мислев дека сум порационална личност, но очигледно не сум.

Тоа не е добро за мојот ум и здравје, но и мојата самодоверба. Не можам да ти бидам пријател. Не после сите работи кои ги поминавме заедно.

Ти беше првата личност која ја сакав. Ти беше мојот свет, мојот универзум и галаксија. Никогаш не знаев дека љубовта е толку силна. Никогаш немав запознаено личност како тебе. Ти стана дел од мојот живот, многу голем и значаен дел од него. Беше секогаш тука за мене, да ми дадеш поддршка, да ме утешиш, да ме сакаш и да ме насмееш.

Не бевме зрели, бевме многу млади. И, уште сме. Нашата љубов беше поголема од нашата возраст. Таа беше поголема од сите други љубови. Барем така мислевме.

Се сеќавам кога ми кажа дека не можеш да бидеш веќе со мене. Дека ти треба пауза. Потоа ми кажа дека не можеш да бидеш со мене повеќе. Видов во твоите очи дека љубовта веќе ја нема, дека таа исчезнала веќе одамна.

Но, не можам да бидам твој пријател. Не можам да бидам тука за да ти давам поддршка и љубов. Не можам и не сакам да го правам тоа.

Не можам бидејќи ме боли премногу и бидејќи во моето срце секогаш ќе има место за тебе. Можеби секогаш ќе бидеме поврзани, но не можам да ти бидам пријател. Не повеќе. Ти не ме скрши, но ти ме повреди.

Не ме прашувај како сум, ти не си ми пријател.

Ќе ми недостасуваш секогаш. Секогаш ќе те сакам. Но, не можеме да бидеме пријатели. Не ме прашувај за совети, не ми праќај пораки. Не ми праќај ништо.

Ти си дел од моето минато и таму треба да припаднеш. Ти не си дел од мојата иднина и не треба да бидеш дел од мојата сегашност. Сакам живот без тебе и го заслужувам тоа. Те сакам, но морам да те пуштам да си одиш. Всушност, морам да те избркам од мојот живот.

new nike air max 2019