За мојата другарка која уште не може да го преболи бившиот дечко...

Сосема е океј да те боли. Дозволи заедно да го надминеме периодов. Дозволи ми да плачам со тебе. Дозволи ми да бидам гласот кој ти помага да сфатиш дека не си луда што уште си заљубена во него.

Мислиш дека веќе си требала да го преболиш. И има периоди кога мислиш дека добро ти оди. Но, има денови кога сите чувства се враќаат назад и повторно имаш чувство како срцето да ти го корнат од гради.

Мислиш дека си будала затоа што ти е потребно повеќе време и се прашуваш зошто уште плачеш. Само сакаш да дојдеш до точката на преболување. Го земаш телефонот во рака затоа што сакаш да видиш што прави и како е. Но, повеќе од се, сакаш да знаеш дали и ти му недостигаш на него.

Не постои временско ограничување за преболување. Земи си време колку што мислиш дека ти е потребно. Зборувај  за тоа колку сакаш, а јас секогаш ќе бидам на твоја страна. Сосема е океј да мислиш на него. Тие чувства само ти кажуваат колку тој ти беше важен. Тоа не те прави слаба, напротив, те прави силна затоа што на тој начин го уважуваш фактот дека тој ти значел.

Тоа значи дека имаш почит кон себеси, врската и него.

Преболувањето е процес, а понекогаш човек едноставно не е подготвен да продолжи понатаму. Се обидуваш да најдеш некој нов, но во секој дечко го гледаш него.

Времето е единствено решение.

Немаше контрола врз заљубувањето и за жал, не можеш да имаш контрола врз тоа како и кога ќе се одљубиш од него.

Но, еден ден тоа ќе се случи, само знај дека се ќе биде во ред и дека јас сум тука за тебе!

cheap nike air max 90