Несовесни скопјани ги извадиле коцките од велосипедската патека во Центар (фото)

Несовесни скопјани ги извадиле коцките од  новатa велосипедска и пешачка патека покрај кејот на Вардар, па сега граѓаните се принудени да се рекреираат и да шетаат по кал.

Граѓаните велат дека на неколку места се извадени коцките од калдрмата, а највепечатлива е дупката направена кај Македонска пошта. Освен што не изгледа убаво, за централното градско подрачје, овој дел може да биде опасен особено за оние граѓани кои сакаат да возат велосипед може да се повредат доколку не ја забелажт оваа дупка каде што недостигаат плочките, но и некој што пешачи да си ја повреди ногата, пренесува Вечер.

Овој вандалскиот чин го осудуваат и рекреативците и оние кои возат велосипед на овој дел на кејот.

-Ме предупреди еден комшија со кој редовно се сретнуваме на кејот да возиме велосипед, да внимавам бидејќи можам да ги дупнам гумите или уште полошо да се повредам ако не ја видам дупката, односно делот каде што фалат коцките. Не знам зошто некој би откорнал плочки, кога ова е направено за нас, за граѓаните, да може да спортуваме, пешачиме, жалосно е што на некој воопшто му текнало да направи ваков потег, вели Дарко, кој како што вели самиот редовно вози велосипед на овој дел од кејот.

Од Град Скопје добивме информација дека во целост ги реализираат велосипедските патеки кои се наоѓаат на левата и десната страна на кејот на реката Вардар, со исклучок на делот кој се наоѓа во централното градско подрачје.

 -Овој дел е изоставен поради градежните работи кои се се уште во тек и штом ќе се завршат инвеститорите имаат обврска да ги доведат во првобитрна состојба, по што Град Скопје ќе преземе активности за уредување и вклопување на овој дел со остатокот од велосипедските патеки на двете страни на кејот, велат од Град Скопје.

Фото:Вечер