Нема криење од прекршоците, МВР ќе постави камери во Скопје, Тетово и Куманово

На денешниот брифинг со новинарите Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се осврна и за поставувањето на камери за контрола на безбедноста на сообраќајот.Тој притоа кажа дека на почеток камери ќе има во 3 градови во државата но и на автопататите.

- „Камерите за контрола на безбедноста на сообраќајот ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Куманово, на автопати, а ќе има и мобилни системи кои може да се постават секаде во државата“, изјави Спасовски

Освен тоа Спасовски кажа дека на крајот на годината ќе се заострат контролите за прекршителите на сообраќајните правила. Притоа тој беше прашан околу цената на чинење на овој систем за што кажа дека тоа е класифицирана информација.