Неколку делови од Скопје утре без струја

 „ЕВН Македонија“ АД информира дека утре без електрична енергија ќе останат неколку делови од Скопје.

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека на ден 19.05.2017 година (петок) без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат:

  • во периодот од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул. Саса, ул. Јабланица, бул. Борис Трајковски како и дел од ул. 1440. (општина Кисела Вода)
  • во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Борис Кидрич, ул. Петар Ацеви и дел од ул. Анастас Митрев. (општина Центар и Кисела Вода)
  •  во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Џумајска. (општина Карпош)
  • во периодот од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објектите во рекреативниот центар Езеро Треска. (општина Сарај)