Наскова револтирана: Ние имаме такси цени (коли крнтии) за ненормални цени и автобуси без клима

Познатата водителка и стенд ап комичарка Ивана Наскова очигледно е револтирана од условите во лето во јавниот превоз во Скопје. Ги прозва и политичарите! 

Ова е нејзиниот став споделен на фејсбук со кој многумина се согласија:

- Може ли некој да ми објасни зошто ЈСП нема клима на 100степени? Па секоја земја има јавен превоз кој нуди нормални услови и да стигнеш кај што треба ко човек. Ние имаме такси цени (коли крнтии) за ненормални цени и автобуси без клима. Па ние сме стварно случај за посматрање. Ама нема веза вие од политичка сцена гледајте да има доволно патни трошоци за вас...порача девојката која како и секогаш „без влакна на јазикот“ го кажува својот став за општествените проблеми!