Јас не живеам на овој свет за:
...да исполнувам туѓи очекувања, особено не очекувањата на оние чии очекувања и не ги знам, затоа што никогаш и не ми ги кажале. А не ми ги кажале, затоа што мислеле дека се подразбира.
...секогаш да бидам добро расположена и насмеана, затоа што има периоди кога не сум, а не знам и не сакам да глумам.
...да бидам послушна домаќинка. Не можам, не знам, не сум тоа јас.
...да молчам пред неправди и насилство. Затоа што ако го правам тоа, тогаш и јас сум дел од сето тоа, јас би била соучесник и премолчено го премолчувам тоа. А не сакам!
...да ги пропуштам шансите кои ми се појавуваат. Кога, ако не сега?
...да ласкам и да викам „Да“ на сѐ.
...да кукам и да се жалам за сѐ.
... да продавам лажен морал и да глумам морална полиција.
…да се измачувам себеси со прашањето: „Што би било кога би било?“ Затоа што сѐ е онака како што треба да биде. Понекогаш можеби и не верувам во тоа, но животот ме има научено дека сепак е така.
...да жалам за некого или за нешто. Последен пат кога жалев, брзо сфатив дека жалам за себеси без тој некој, а не жалам за него. А ако нешто мразам ,тоа е самосожалување.
...да се убивам од работа. Немам преголема корист од тоа. Повеќе сакам да спијам, да патувам и да се дружам.
...да бидам најсредената убавица во просторијата. Никогаш не сум била некоја убавица, а повеќе сакам дружење отколку шминкање.
...да играм игрички, да ги фаќам луѓето на солзи и да манипулирам.
...да трчам по мажи. Ако сакаш – супер, ако не сакаш – пак супер.
...да му ѕвонам на секои 15 минути, да бидам љубоморна и да го прашувам каде е.
...да се мешам и пикам во туѓи животи, затоа што не ме интересираат. Кој, како, со кого, колку и зошто. НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА!