Не спијте преку ден, не познамувајте пари и внимавајте кој ќе ви дојде дома - Денеска е Свети Игнат

Што ќе правите денес, тоа ќе правите цела година! Кој прв ќе ви дојде во домот, таква ќе ви биде и целата година! Ова е народното верување за денешниот празник, вториот ден од новата календарска година кога се слави Свети Игнат. 

Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. 

Претстојниот викенд се слават големите христијански денови Бадник и Божиќ-Христовото раѓање, па така семејствата веќе почнуваат со подготовки за достојно, во духот на традицијата, да се прослават овие празници.  

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството“, вели народното верување. 

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне. 

Според некои преданија, се препорачува денеска да не позјамувате пари, бидејќи тоа ќе го правите цела година...Други народни преданија од минатото велат да не спиете преку ден, 

Денес именден слават сите кои носат имиња изведени од Игнат - Иги, Натко, Игнатиј...