Не се обидувајте да ги поправите, тие нема да се сменат

Секој од нас понекогаш се наоѓа во ситуација да се обиде да и помогне на друга личност. Но, доколку постојано навлегувате во ситуации кога се обидувате да промените одредена личност, тогаш престанете да се обидувате да бидете херој.

Без оглед на тоа дали тие се луѓе кои лажат, изневеруваат, се неодговорни и сл, вашата љубов не може да ги поправи.

Вие живеете со верувањето дека ако им покажете вистинска, безрезервна љубов, дека тие ќе сфатат дека треба да се променат. Мислите дека ќе се променат ако ве ценат.

Но, тоа со што се соочувате е секојдневна болка, бидејќи премногу се трудите. Мислите дека си дадовте ветување и дека треба да го одржите, помагајќи им. Чекате трпеливо, но крајот никако не доаѓа.

Можеби тие ќе поминат неколку часа, денови или недели да бидат тоа што вие сакате, но никогаш нема да успеете да го отргнете однесувањето кое ви пречи, кое мислите дека ќе ги направи подобри личности. Но, додека тоа се случува, вие отфрлате милион важни можности, не работите на себеси и љубовта кон нив и обидот да им помогнете го претворате во ваш приоритет, ваша најголема опсесија.

Но, ниту една личност не може да се смени ако самата не го посакува тоа. Ниту една личност  не може да направи напори за да биде различна ако самата не утврди потреба за тоа. Дајте им ја вашата љубов, сакајте ги , но никогаш не очекувајте дека ќе се сменат.