Наскоро ќе сфатам дека не ја изгубив љубовта на мојот живот, туку избегнав тага и несреќа...

Зарем ова не е точно како се чувствуваме кога ќе раскинеме со нашата отровна љубов? Личноста која толку многу сме ја сакале ни ја задава и најголемата болка.

Тешко е човек да сфати дали ја изгубил љубовта на својот живот или избегнал уште поголема несреќа.

Дали всушност сум имала многу среќа со твоето заминување? Дали најдов начин како да излезам од оваа бура од која не можев сама да излезам?

Дали треба да сум среќна што твојот хаос сега ќе стане туѓ хаос?

Не сум сигурна. Не сум сигурна затоа што иако не можам да те поднесам поради целата болка која ми ја нанесе, за жал тоа не прави да те сакам помалку.

Дали тоа значи дека ја изгубив љубовта на мојот живот?

Не знам. Дали добиваме само една љубов во животот? Може ли да постојат повеќе љубови?

Дали е вистина дека не секогаш завршуваме со нашата сродна душа?

Овие мисли постојано кружат во мојата глава. Дали е можно дека ги имам направено двете работи?

Можеби избегнав поголема тага и несреќа, но можеби истовремено ја изгубив најголемата љубов досега.

Мислам дека никогаш нема да имам јасен одговор за ова. Мислам дека никогаш нема јасно да знам што требало и што не требало да се случи.

Моментално се што знам е дека нам не ни било судено. Можеби моментално, можеби засекогаш.

Моментално, избегнав несреќа затоа што ти не си за мене.

Но, тоа не значи дека не те сакав. Тоа нема да го намали фактот дека навистина мислев дека си љубовта на мојот живот.

Затоа, моментално немам одговори.

Моментално морам да се помирам со фактот дека јас и ти не можеме да бидеме заедно. Нашата врска не беше здрава. Нашата врска беше отровна. И јас морам да живеам со тој факт.