Најважните лекции кои можеме да ги научиме од децата

Вистината е дека децата можат да ни покажат како да живееме со полни гради, затоа што често се однесуваат како просветлени мудреци.

Сѐ уште не се запознаети со наметнатите правила и ограничувања од околината, па така треба да обрнете внимание на тоа како се однесуваат со околината. Ова се некои од најважните лекции кои можеме да ги научиме од децата

Сегашниот момент е единствениот момент кој ни е на располагање

Децата ќе ги направат повеќето работи кои сакаат да ги направат и тоа во истиот момент кога ќе им текне да ги направат, затоа што тие сѐ уште не се запознаети со минатото и иднината.

Кога работат нешто, потполно се посветени на сегашниот момент, за разлика од возрасните кои со мислите постојано летаат во минатото или иднината. Мислењето на минатото нема да го промени минатото, а грижата и негативните претпоставки околу идните случувања само ја влошуваат ситуацијата. Единствениот момент кој го имаме е сегашниот момент и затоа следете го примерот на децата: Престанете толку да размислувате и уживајте во сегашниот момент.

Со фантазирање ја создаваме реалноста

Децата имаат поинаква перцепција од возрасните. За нив е сосема нормално да замислуваат снежни дворови кои во моментот се претвораат во пространо море на кое пловат пиратски бродови.

Возрасните често мислат дека ја имаат надраснато таа фаза и уверени се дека знаат како функционира светот. Својата енергија ја трошат на размислување за новите обврски, стресот, проблемите и сметките.

Вистината е дека нашата перцепција зависи од уверувањата, чувствата и мислите. Секој од нас има поинаков светоглед, а сите знаеме дека она на кое посветуваме највеќе внимание полека станува наша реалност.

Затоа минувајте повеќе време во игра со вашите деца ако сакате да го исчистите вашиот ум од грижи и нервоза. Тоа ќе ви помогне да го ослободите умот и да сфатите дека ништо не е невозможно.

Нека не помине ниту еден ден без насмевка

Децата имаат прекрасна способност секогаш да пронајдат нешто што ќе ги забавува, нешто што ќе прави да се смејат и тоа без оглед на тоа каде се наоѓаат. Следете го нивниот пример и водете се според максимата: „Секогаш пронајдете причина за насмевка. Можеби таа нема да додаде години во вашиот живот, но сигурно ќе додаде живот на вашите години.“

Отфрлете ги очекувањата

Децата не очекуваат ништо. Наместо тоа, тие се радуваат на секое ново искуство на кое му пристапуваат со отворен ум и срце. Тие му дозволуваат на животот да ги изненади, дозволуваат да бидат маѓепсани од околината. Тие се интересираат за сѐ додека возрасните работите ги земаат здраво за готово.

Дeцата сѐ уште не се ограничени од наметнатите ставови такашто тие најдобро можат да нѐ научат како да ги отфрлиме очекувањата од светот, нашите сопствени очекувања и очекувањата од другите, затоа што само така навистина ќе можеме да уживаме во животот.

cheap nike air max 90