Најмоќната афирмација според Лујза Хеј, која ќе ви го разубави и промени животот

 

Знам дека најмоќната афирмација што некогаш можете да ја користите е следнава:

ЈАС СЕ САКАМ И ПОДДРЖУВАМ СЕБЕСИ.
ЈАС СЕ САКАМ И ПОДДРЖУВАМ СЕБЕСИ.

И кога првпат ќе го кажете тоа, неверојатно е што сè излегува на површина.

Често се случува кога ќе ја кажеме оваа афирмација на глас - еден куп негативни пораки излегуваат на површина. И тоа е неверојатно затоа што ни дава шанса да дознаеме каква препрека стои на нашиот пат.

Ако не ги слушате вашите негативни пораки, не знаете што ви стои на патот.

Кога ќе почнете да ја кажувате афирмацијата „Јас се сакам и поддржувам себеси“, важно е да внимавате на сите негативни пораки што ви доаѓаат.

Затоа што тие се ваша пречка, и кога би можеле да ги запишете, би било прекрасно, бидејќи тоа е ваше богатство, „ова е нешто што навистина ме мачи на мојот пат и ми создава проблеми…“

Запомнете, ние избираме како размислуваме и можеме да избереме да го промениме начинот на кој размислуваме.

Тоа е секогаш наш избор.

Лујза Хеј