Лујза Хеј: Не заборавајте да ги направите овие работи пред да влезете во новата година

Да ѝ посакаме добредојде на следната година, да го исполниме ова време со љубов и радост, со сознанието дека нам дупло ни се враќа она што сме го дале.

Пред да влезете во следната година, поставете си ги овие едноставни прашања:

Од што ќе се ослободам?
Што или кој повеќе не ми одговара?
Од што не сакам да се ослободам, а лошо влијае на мене?
На кој начин бев лош/а кон себе?
Што е она што добро ми влијае?
Дали сум подготвена да се ослободам?
Што е она што е прекрасно во мојот живот?
Како се грижам за себе?
На кое поле сум најзадоволен/а?
Што сакам во мојот живот?
Каква сакам да ми биде следната година?
Кого сакам да донесам во мојот свет?
Како сакам да изгледам?
Каква слика сакам да проектирам?
Колку здрав/а сакам да бидам?
Колку проперитетно сакам да се чувствувам?
Во каков свет сакам да живеам?
Во кој правец сакам да го насочам својот духовен живот?
Колку многу љубов сум подготвена да доживееам?

Дознајте го целиот свој позитивен раст и промена.

А потоа повторувајте ги овие афирмации:

Не сум ограничен/а од статистики, медицински мислења, време или тело

Јас сум едно со бесконечната мудрост и можностите на самиот универзум.

Сѐ она што е добро е достапно за мене, токму тука и сега.

Сѐ што морам да направам е да ја искористам моќта на моите мисли за да го создадам она што го сакам.

Ова беше добра година и научив многу работи.

Со љубов ги благословувам сите искуства кои ги доживеав и се радувам на сите благослови кои следуваат.