Најмногу се гради во Скопје

Во мај годинава се издадени 292 одобренија за градење што е за 57 проценти повеќе во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.970.915.000 денари што е за 13 проценти повеќе споредено со мај претходната година. Најмногу одобренија, 110, за градење се издадени во Скопскиот регион, по што следат Југоисточниот со 51, Источниот со 39,Пелагонискиот 29,  Југозападниот 23, Полошкиот 20….

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 163 (55,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11,3 проценти) за објекти од нискоградба и 96 (32,9 проценти) за објекти за реконструкција. Кај 182 објекта (62,3 проценти) инвеститори се физички лица, а кај 110 (37,7 проценти) деловни субјекти.

Со издадените одобренија е предвидена изгрдаба на 750 станови со вкупна корисна површина од 63.183 метри квадратни. Најмногу од становите се во Југоисточниот регион, 358, во Скопскиот, 258, по кои следат Југозападниот со 49, Североисточниот со 35, Источниот со 19, Полошкиот 13, Пелагонискиот 12, а најмалку Вардарскиот шест.