Најголемиот луксуз во животот: Да живееме онака како што ние сакаме

Вистинскиот луксуз не е поврзан со парите.

Photo by Alexei Scutari on Unsplash

Тој не зависи од статусот и она што можеме да си го дозволиме со нив. Вистинскиот луксуз доаѓа од слободата да живееме живот според нашите потреби и замисли.

Луксузниот живот значи слобода, луѓе кои ги сакаме и кои нè сакаат, тој значи слободно време, свежа постелнина, чист дом, свеж воздух. Живот кој сами го одбираме и кој влијае на квалитетот на нашето секојдневие.

Тој не значи нервирање кога нешто не е по наше. Работите лесно може да отидат по ѓаволите. Но, луксузниот живот впрочем значи можност да си кажеме дека на некои работи не можеме да влијаеме и дека не вреди да се нервираме за тоа. Ако нешто не ни успева, тоа никако не треба да влијае на нашата вредност. Тоа само значи дека моментално не сме таму каде треба да бидеме. 

Photo by Alexei Scutari on Unsplash

Ваквиот живот значи да се има избор. Да се каже НЕ во одредени ситуации. Да се плаче кога ни се плаче, да се смееме гласно до солзи кога живот ќе ни приреди забава и убави нешта. 

Тој не значи правдања, докажувања, менување само поради тоа што некој друг го бара тоа од нас. 

Луксузниот живот е живот по наши правила!