Најавени прекини: Еве каде утре ќе нема струја во Скопје

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа утре (сабота) без електрична енергија ќе останат следните корисници од Скопје:

- во период од 08:45 до 14:30 часот село Кожле, пумпна станица за водоснабдување и село Бадар, општина Петровец;

 - од 12:00ч до 15:00 часот дел од село Орешани, општина Зеленикво и

- во период од 09: 00 до 11:00 часот корисниците на село Градовци, општина Зелениково.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека во понеделник, поради водоводен дефект од ф 100мм на ул.Будимпештанска бр.22б, прекинато водоснабдување од 08:00 часот до завршување со интервенцијата ќе имат корисниците од ул.Московска, Женевска, Хашка, Будимпештанкса, Осло, Бањалучка, Јоаким Осоговски, Урош Ѓудовиќ, Душко Бојковски и ул.Лубица Горгиевска, општина Карпош.

На ден 15.04.2024 поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. Поп Богомил 4, прекинато водоснабдувањеод 09,00ч до завршување на интервенцјата ќе имаат корисниците од населба Трнодол, општина Карпош.