Над 100 санкционирани возачи вчера во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.