На кафе со Катерина Палческа

Катерина Палческа, сопственик на брендот Honey&Spice – природни и рачно лосион барови.

Како започнавте со изработка на лосион барови?

 Со глед на тоа дека пред нас е  најубавиот период во годината,односно Божиќните празници,а со тоа и подароци за најблиските, со други зборови “влегов во сезоната на купување на истите”.

Одејќи од една до друга продавница,барајќи “Што да купам,па дали тоа да биде парче облека,дали да биде книга или аксесоар,  застанав и си реков: "Што правам? Бидејќи во душа сум креативец и сакам да експериментирам  и подарувам значајни подароци што луѓето навистина ќе ги сакаат и ќе им бидат корисни, се роди идејата да почнам со изработка на лосион барови за тело.Ја купив потребната опрема и состојки и веднаш се фрлив на работа.Направив неколку производи  и веднаш знаев дека ќе бидат совршен подарок.Неколкуте производи  ги подарив  на најблиските од кои добив позитивна реакција,па веднаш стартував со смислување на име,а за логото и дизајнот на баровите едно огромно благодарам на Јована без кое немаше да се случи HONEY AND SPICE LOTION BARS.

Honey and spice lotion bars се рачно изработени лосион барови за тело изработени од 100 % природни состојки меѓу кои како базна состојка е пчелниот восок од каде се раѓа и самото име.

Што најмногу сакате во правењето производи за тело?

Сакам кога не постојат  ограничување на она што можам да го создадам кога комбинирам различни бои, мириси, состојки и ги обликувам во нешто што никој не би го очекувал. Секој производ што го правам доаѓа од среќа, па зошто да не ја споделам таа среќа со другите? Искрените пораки што ги добивам од моите клиенти за моите производи ме туркаат да одам напред. Нема да има HONEY AND SPICE без поддршка од моите клиенти.

Што ве инспирира да создавате?

Сакам сè што е полно со магија,се она што е среќа,се она штое љубов. Јас сум дете во душа и внесувањето на тие работи во моите производи ми помагаат малку да избегам од светот.

Каков совет би му дале на некој што сака да започне?

Одвојте време и направете истражување за секоја состојка, како тие работат на одредена температура, тестирајте ги производите и регулативите ако планирате да продавате. Постојат многу упатства и рецепти преку Интернет за да ве водат. Не плашете се ако не го добиете тоа прв пат. Продолжете да се движите напред!