Кој од СДСМ поднесе оставка по тешкиот пораз на изборите?

Вчера по тешкиот пораз на двојните избори во земјава, дел од раководството на СДСМ поднесоа оставки. 

Први тоа го сторија потпретседателите на партијата Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ, а кон крајот на денот се огласи и Сања Лукаревска. 

Сите тие, преку објави, ги образложија своите оставки, и најавија реформи внатре во партијата. 

Засега нема оставка од претседателот на партијата Димитар Ковачевски кој призна дека резултатот е разочарувачки и дека на СДСМ му е зададен тежок удар.