Мрѓа: Патриотизам не е крадењето на народот, да речеме со 78 % покачување на платите

Новинарката Душица Мрѓа со честика по повод денешниот празник Илинден, но и реална поента. 

Својата објава ја почна со цитат од Питу Гули, но како што пишува, денеска не е патриотизам покачувањето на платите на функционерите. 

"...Нам никогаш не ни недостигал разум, нам ни недостига лудост. Оставете ме сам со својата лудост... Јас не одам на Мечкин камен за мене, јас не мислам дека сум незаменлив, напротив, мојот пример може да роди многумина како мене што ќе бидат поарни од мене..."- Питу Гули 02.08.1903

120 година подоцна во ова напатено парче земја 32 години тие што ја крадат Македонија мислат дека се незаменливи, но не се!

Ним не им фали "лудост", премногу секојдневно лудуваат и се расфрлаат со народни милиони на сметка на сопствениот народ кој едвај го врзува месецот...

Жртвата на Илинденците не значи празни говори, изјави и црвени теписи,

Заветот на Илинденците обврзува на слободен, достоинствен и чесен живот со поклон кон сопственото минато и иднина без политики пазари на сметка на достоинствого и правдата, и на едни, и на други и на трети...

Патриотизам не е крадењето на народот, да речеме со 78 % покачување на платите, тоа е навредивање на интелегенцијата, констатира Мрѓа во својата фејсбук објава на крајот упатувајќи честитка за Илинден.