Моќни совети од Јапонија: Не трошете го животот на трупање материјални работи, бидејќи и онака нема да земете ништо со себе кога ќе умрете

Би можело да се каже дека докторот Шигеаки Хинохара е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи советите на овој јапонски лекар многу придонеле за среќата и квалитетот на живот кај Јапонците. 

Photo by Thor Alvis on Unsplash

Тој почина на 18 јули 2017 година на 105-годишна возраст и како наследство на целиот свет остави многу вредни лични сознанија за тајната на долгиот живот.

Ова се неговите 10 златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот.

1. Енергијата доаѓа од доброто чувство, а не од здравата исхрана и многу сон.

„Сите се сеќаваме како како деца, забавувајќи се, често заборававме да јадеме или да спиеме. Верувам дека овој став можеме да го задржиме и како возрасни – најдобро е да не го заморуваме телото со премногу правила, како ручек и спиење“, објаснува др. Хинохара.

2. Пазете се од дебелината!

Д-р Хинохара постојано нагласуваше дека луѓето кои немаат прекумерна тежина живеат до 100-тиот роденден, па затоа треба да внимавате на тежината и физичката состојба. Не треба да се грижите за јадењето, но сепак треба да внимавате да не се прејадувате. На пример, за појадок пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло. Тој верувал дека ова масло е одлично за крвта и кожата. За ручек јадел млеко и бисквити, а често го прескокнувал ручекот кога бил премногу зафатен. За вечера јадел зеленчук, риба и ориз. Јадел говедско месо двапати неделно.

3. Планирајте однапред!

Хинохара секогаш имал целосен распоред за една година однапред, па дури и планирал уште повеќе за во иднина. Така, во една од неговите изјави, тој истакнал дека многу се радувал на Олимписките игри во Токио во 2020. За жал, не ги доживеал, но неговиот однос кон животот и плановите покажува колку бил оптимист, што е исто така многу важна ставка за долговечноста.

4. Не мора да се пензионирате ако не сакате.

„По 65-годишна возраст почнав да волонтирам. Подучувам и посетувам пациенти, дури и 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа“, изјавил Хинохара. Ако некој сака да работи повеќе - нека работи. Ако не сака, нека се повлече и нека се посвети на тоа што сака да го работи.

5. Споделете знаење и вештини со другите.

Хинохара одржувал околу 150 предавања годишно. Ги учел сите - од деца на училиште до сериозни претприемачи и лекари. Тој секогаш стоел додека зборувал, а неговите предавања понекогаш траееле  90 минути..

6. Не верувајте во сè што ќе каже докторот.

д-р. Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја излечат секоја болест и секој пациент. Тој им предложи на луѓето, кога лекар ќе им препише терапија или преглед, да го прашаат дали истото ќе им го препорача на своите блиски. Ако одговорот е негативен, зошто да се изложувате на непотребен стрес и страдање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание во лекувањето, многу повеќе отколку што мисли медицината.

7. Секогаш користете ги скалите и носете го вашиот сопствен багаж.

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж со вас. Целиот свој живот, Хинохара одел по скалите. Скалите и пешачењето се секојдневна вежба за вашето срце и целото тело.

8. Инспирирајте се секој ден, најдете инспирација.

Читајте, најдете писатели кои ве инспирираат во литературата. Така направи и Хинохара. Најинспиративна за него била песната на Роберт Браунинг - Абт Воглер. Не мора да се држите само до литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, прошетајте во природа...

9. Болката е мистериозна.

Најефективниот начин за надминување на болката е преку забава. Кога детето ќе биде погодено, објасни Хинохара, ќе плаче додека неговото внимание не го окупира нешто друго. Тогаш ќе заборави на болката. Возрасните треба да го прават истото. Болката треба да се удави во забава! Тој верувал дека во болниците треба да се носат кучиња за терапија и други животни, како и музика која ќе им помогне на пациентите да се справат со болката.

10. Не собирајте материјални работи.

„Не трошете го животот на трупање материјални работи, бидејќи и онака нема да земете ништо со себе кога ќе умрете“ – едноставен бил Хинохара во последниот од десетте златни принципи на долговечноста.