Сакаме да читаме приказни затоа што тие раскажуваат нешто што предизвикува чувства кај нас: среќни, тажни, итн. Обично приказните содржат одредена конструкција, но должината не е секогаш пресудна. Некогаш најмоќните приказни може да се искажат и во само неколку зборови. Денес ви претставуваме неколку моќни приказни составени само од шест зборови, но нема да ве остават рамнодушни.
~ Странци. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Странци.
~ „Имате погрешен број“ – рече познат глас.
~ Ja запознав сродната душа. Таа – не.
~ Ах, најмалите сандаци секогаш се најтешки.
~ Одбележуваме педесетгодишен јубилеј. Маса за еден.
~ Мама пак ме праша кој сум.
~ Се продаваат: бебешки чевли. Никогаш облечени.
~ Прво скокнав, а потоа се предомислив.
~ Донесов букет рози. Бравата беше променета.“