Млад скопјанец се фрлил од 11-ти кат

Млад Скопјанец вчера утрото си го одземал животот скокајќи од терасата од 11 кат, објави iportal.mk.

Во МВР во  05.25 часот е пријавено дека од терасата од 11 кат од зграда во Скопје скокнало лицето Т.Ј (36) од Скопје.

Смрт кај лицето е констатирана од доктор од Итна медицинска помош .

Засега нема детали за овој немил настан.