Милијардер бара двајца инфлуенсери на кои ќе им плати за да поминат една година на Карибите

Американските медиуми јавуваат за понудата на анонимен милијардер, кој бара станари за својот рајски остров на Карибите. Приказната оди приближно вака: ако сте млади, убави и подготвени да живеете во тропски рај една година, тој ќе ви плати 185.000 долари за тоа.

Мистериозен милијардер на среќната двојка ѝ нуди 185.000 долари за да помине една година на неговиот приватен остров на Карибите, но има одредени услови.

Имено, според огласот објавен од агенцијата за вработување „Ферфакс и Кенсингтон“, се очекува избраниот пар да работи со полно работно време промовирајќи го приватниот остров на социјалните мрежи.

Нивната главна задача би била секојдневно да снимаат на Британските Девствени Острови, документирање на напредокот и изградбата на недвижен имот за да го прикажат ова место како вистинска мала луксузна оаза.

Џорџ Дан од агенцијата „Ферфакс и Кенсингтон“ нагласи дека сопственикот сака да ја истакне убавината на својот остров, но за тоа сака да ангажира инфлуенсери да го направат тоа.