Метео предупредување: Утре ветер со над 70 километри на час и пороен дожд

Утре се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, со грмежи и засилен ветер. 

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, прогнозираат од УХРМ.