Месечен хороскоп за април

Април е убав месец на пролетта и тој носи многу интересни средби и можности за претставниците на сите хороскопски знаци. Искористете ги можностите и уживајте.

Овен

Најдобри денови : 6,7,14,15,16,24,26

Најстресни денови: 1,12,13,19,20,21,27,28

Најдобри денови за љубов : 6,14,15,19,20,21,25,26

Најдобри денови за финансии: 1,6,8,9,14,15,17,18,25,26,27,28

Најдобри денови за работа: 1,6,7,14,15,16,24,25,26,27,28

На 20ти март, Сонцето влезе во вашиот знак и тоа овој период ви носи големи задоволства. Ова е одличен период за да ја подобрите формата на вашето тело и имиџ и да уживате во задоволствата на сите сетила. Април е среќен месец за вас.

Планетите ви носат  максимална искорисеност на вашата лична моќ и независност бидејќи многу лесно ќе се создаваат услови кои ви носат задоволство. Ова можеби нема да им одговара премногу на оние околу вас, но тие ќе се приспособат на тоа. Сепак, и тие ќе имаат придобивка од вашето позитивно расположение.

Љубовта за вас ќе цвета во текот на овој месец. Деновите седми и осми април ви носат малку стрес, но потоа нештата ќе бидат подобри. За оние кои се во врска ќе се чувствуваат како нивната сакана личност навистина да се грижи за нив. Оние пак кои не се во врска ќе шират позитивна енергија каде и да одат и веројатно на тој начин ќе придобијат многу насмевки од спротивниот пол. 

Генерално, Април е просперитетен месец за вас. Освен харизма и успех во љубовта, тој ви носи и пари и финансиски можности. Внимавајте на седми и осми април кога можни се претерани трошења од ваша страна. На деветнаесетти април ќе го доживеете финансискиот врв во текот на овој месец. Дваесет и втори и дваесет и трети носат неочекувани пари во вашиот живот.

Здравјето и енергијата ќе бидат многу важни за вас во текот на овој месец. Одете на масажа доколку имате можност во текот на првата недела од месецот.

Бик

Најдобри денови: 1, 8, 9, 17, 18, 27, 28

Најстресни денови: 2, 3, 14, 15, 16, 22, 23, 29, 30

Најдобри денови за љубов :  6, 14, 15, 22, 23, 25, 26

Најдобри денови за финансии: 1, 8, 9, 10, 11, 17, 18, 27, 28

Најдобри денови за работа и кариера: 2, 3, 6, 7, 14, 15, 16, 24, 25, 26, 29, 30

Вашиот духовен живот ќе биде најважен за вас во текот на овој месец. Тоа е така бидејќи се занимававте со многу проекти и обврски во текот на изминатите месеци и сега ви е потребен одмор повеќе од сè. Во текот на овој месец, ќе биде лесно да ја искористите својата енергија за да бидете среќни, иако месеците по тоа, ваквите напори ќе бидат потешки.

Во текот на април, интересни нешта ќе се случуваат за вас во однос на вашата кариера или студии. Овој месец е профитабилен и од материјален и духовен аспект, за вас.

Сепак, за да заработите повеќе, многу важно ќе биде вашето лично претставување и напорите кои ќе ги вложувате за работата. Ова е одличен месец да потрошите пари на облека и модни додатоци. 

На полето на љубовта ќе ви се случат интересни, мали и фини моменти кои ќе ви донесат насмевка на лицето.

Близнаци

Најдобри денови : 2, 3, 10, 11, 19, 20, 21, 29, 30

Најстресни денови: 4, 5, 17, 18, 24, 25, 26

Најдобри денови за љубов: 1, 6, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за пари :  1, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 27, 28

Најдобри денови за кариера и работа: 1, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 27, 28

Претходниот месец придонесе за голема психолошка промена во вашиот живот. Во текот на овој месец, тоа ќе донесе лична моќ и независност. Ќе имате голем интерес за себеси и воопшто не треба да се чувствувате лошо поради тоа, сè додека не повредувате некого со вашето однесување. На почетокот на годината имавте период на адаптирање на работите и сега знаете што прави да се чувствувате непријатно и ќе ви бидат потребни промени. Но, овој период тоа многу лесно ќе го постигнете. 

Љубовниот живот ќе биде малку стресен во текот на овој месец и нема да можете да направите многу околу тоа. На крајот на краиштата, не анализирајте и зборувајте многу бидејќи само ќе ги влошите нештата.  За жал, април ќе биде многу неромантичен месец за претставниците на овој знак. Сепак, можете да го искористите за да поминете време со пријателите и блиските. 

Оние кои бараат работа, треба да не се плашат од нови нешта. Сепак, расчистете ги сите сомнежи и бидете сигурни дека го сакате тоа пред да побарате нешто. 

Здравјето и енергијата ќе бидат подобрени во текот на овој месец. Сепак, бидете внимателни доколку внесувате измени во исхраната.

Рак

Најдобри денови: 4, 5, 12, 13, 22, 23

Најстресни денови :  4, 5, 12, 13, 22, 23

Најдобри денови за љубов :  1, 6, 14, 15, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за финансии : 1, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 16, 17, 18, 27, 28

Најдобри денови за кариера/работа: 6, 7, 14, 15, 24, 25

Здравјето е особено деликатно за вас во текот на овој месец. Можеби работите многу напорно или се соочувате со многу стрес, па сето тоа си има влијание и на вашата физичка состојба. Можеби би било добро овој месец да одите на масажа на главата и лицето и да се обидете да поминете повеќе време надвор, занимавајќи се со некаква физичка активност. 

Во текот на овој месец, вашите трошоци ќе се зголемат и треба да бидете особено внимателни во однос на финансиите.

Љубовта е генерално среќно поле за вас во текот на овој месец, но важно е да не брзате со ништо. Постои можност за авантура и заљубеност со вашите шефови или пак луѓе кои се со повисок социјален или професионален статус. Постои голема можност за романса на работното место, ама најдобро е да оставите нештата да се одвиваат сами по себе. Искористете го овој период за да сфатите што е тоа што вам ви треба, наместо да ги прифаќате работите онака како што ви се дадени.

Најдобро би било да ги одложите патувањата во текот на овој месец. Можни се семејни драми на седми и осми април и затоа бидете внимателни со членовите на семејството. Исто така, можни се и големи финансиски промени на деветти и десетти, но тие брзо ќе се надминат.

Лав

Најдобри денови: 6, 7, 14, 15, 16, 24, 25, 26

Најстресни денови: 2, 3, 8, 9, 22, 23, 29, 30

Најдобри денови за љубов: 2, 3, 6, 7, 14, 15, 24, 25, 26, 29, 30

Најдобри денови за финансии :  1, 8, 9, 17, 18, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 6, 8, 9, 14, 15, 25, 26

Ова е многу среќен и успешен месец за Лавовите. Уживајте во него.

Овој месец, здравјето ќе биде многу добро за вас. Ќе бидете енергични и здрави и тоа ќе влијае на севкупното ваше расположение. Ќе бидете ентузијастични, храбри и ќе ги посакувате и добивате нештата.

Генерално, ова е месец на голем оптимизам за вас. Ништо нема да може да влијае негативно на вас. Сепак, ќе мора да научите малку за трпението. Некои нешта ќе се случуваат бавно и трпението е нешто што ви е најважно овој месец.

Ќе се соочите со многу можности за патувања. Тоа е добар период за студентите и постдипломците, особено во потрагата по студии во странство. Ова е месец и за убави и длабоки филозофски разговори со нови луѓе во вашиот живот. Севкупно, ова ќе биде месец на многу социјални дружења и романтични средби, особено на деветти, десетти, дваесет и втори и дваесет и трети април. 

Овој месец ќе бидете на врвот – таму кадешто и припаѓате. Луѓето ќе ве ценат и сакаат онакви какви што сте. Петнаесетти и шеснаесетти април носат можности за заработувачка. 

Девица

Најдобри денови : 1, 8, 9, 17, 18, 27, 28

Најстресни денови:  4, 5, 10, 11, 24, 25, 26

Најдобри денови за љубов : 4, 5, 6, 12, 13, 14, 15, 22, 23, 25, 26

Најдобри денови за финансии : 1, 6, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 19, 20, 21, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 8, 9, 10, 11, 17, 18, 27, 28

Здравјето ќе ви биде подобрено во текот на овој месец, но сепак важно е да внимавате поради тоа што претходниот месец не беше многу позитивен на ова поле за вас.  Април е месец кога треба да направите детоксикација на вашето тело и да направите одредени измени во исхраната. Исто така, направете го и пролетното чистење на вашата соба или дом, но и вашиот живот ослободувајќи се од сите непотребни нешта и луѓе кои само ве заморуваат и прават нервозни. 

Овој месеџ ќе ви донесе огромна моќ за лична трансформација и затоа е важно да се посветите на себеси. Запрашајте се каде сакате да бидете и ослободете се од сите нешта и луѓе кои ви стојат на тој пат. Ќе се чувствувате олеснето и ослободено.

Април е одличен месец за да започнете нови проекти бидејќи ви носи позитивна енергија. Посветете се на својата кариера и целите кои сакате да ги постигнете. Во тоа ќе ви помогне емоционалната хармонија која се создаде во изминатите шест месеци и затоа сега е време тоа да го претворите во голем успех.

Продолжува на следната страна...

Вага

Најдобри денови : 2, 3, 10, 11, 19, 20, 21, 29, 30

Најстресни денови : 1, 6, 7, 12, 13, 27, 28

Најдобри денови за љубов: 6, 7, 14, 15, 24, 25, 26

Најдобри денови за финансии: 1, 8, 9, 17, 18, 22, 23, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 6, 7, 12, 13, 14, 15, 16, 27

Минатиот месец, Сонцето навлезе во текот на вашата седма куќа на љубовта и влеговте во период на љубовен и социјален врв. Овој месец носи многу љубовни случувања.

Љубовниот живот ќе биде комплициран, но многу среќен. Ќе бидете особено популарни кај лицата од спротивниот пол и ќе постојат многу можности за љубов и романса. На единаесетти и дванаесетти март, ќе се случи социјална или романтична средба која ќе ве смени од корен. На крајот на април, љубовниот живот ќе престане да биде толку хаотичен и комплициран, но романсата нема да престане.  Вашите блиски луѓе ќе бидат посредници во љубовните случувања, но тоа нема да ви пречи. Напротив, ќе уживате во таквите игри и случувања.

Сепак, не ви советуваме да донесувате важни одлуки во текот на овој месец.

Предигрите и флертувањата ќе бидат повеќе вербални отколку физички. Тоа е така бидејќи ќе ви биде олеснета комуникацијата со сите луѓе околу вас, но и ќе се чувствувате многу сигурни поради сите романтични можности кои ќе ви се појават на патот. Можно е да се заљубите и во некоја од личностите од вашето соседство.

Здравјето ќе биде кревко до деветнаесетти април и затоа е важно добро да се одморите во поголемиот дел од овој месец. Потрудете се да ја одржувате енергијата на високо ниво бидејќи ќе ви биде потребна како за романтичните случувања, така и за останатите обврски кои ги имате во вашето секојдневие. Сепак, фокусирајте се на важните нешта.

Бидете особено внимателни во однос на финансиските одлуки. Не правете ништо доколку не сте сигурни и оптимистични во однос на тоа. 

Скорпија

Најдобри денови : 4, 5, 12, 13, 22, 23

Најстресни денови: 2, 3, 8, 9, 14, 15, 16, 29, 30

Најдобри денови за љубов: 6, 8, 9, 14, 15, 25, 26

Најдобри денови за финансии : 1, 8, 9, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 6, 7, 14, 15, 16, 27

Оние кои бараат работа ќе се соочат со многу убави можности.  Дури и оние вработените ќе бидат во ситуација да го подобрат своето работно место или пак да работат дополнителна работа. Сепак, за ваше добро, расчистете ги сите сомнежи пред да прифатите било што.

Здравјето ќе биде одлично за вас во текот на април, бидејќи ќе бидете многу фокусирани на тоа. Тоа ќе ви помогне да ги надминете евентуалните здравствени проблеми, кои евентуално можат да се јават по деветнаесетии април. Обрнете големо внимание на црниот дроб, а бидете и претпазливи во однос на големите промени во вашата исхрана. Обидете се да се информирате добро пред да примените некои големи промени.

Сексуалниот магнетизам ќе биде многу силен за Скорпиите во текот на овој месец, и ќе бидете привлечени од моќта и статусот на оние околу вас. Ќе сретнете нови луѓе со кои ќе зборувате за работата, а кои ќе ве привлечат поради нивната смиреност, но и огромна професионална моќ. По петти април, вашата љубовна планета Венера влегува во знакот на Овен и можно е привремено да станете личност која верува во љубов на прв поглед и која е восхитена од луѓето на прв впечаток. Можете да скокнете многу брзо во нештата, но опуштете се. Не дозволувајте тоа да биде претерано сериозно. 

Пред деветнаесетти април, ќе доживеете цут на продуктивноста и ќе можете да завршувате повеќе работи од вообичаено. 

По овој ден, работите стануваат бавни и потребно е трпение. 

Стрелец

Најдобри денови: 6, 7, 14, 15, 16, 24, 25, 26

Најстресни денови :  4, 5, 10, 11, 17, 18

Најдобри денови за љубов: 6, 8, 9, 10, 11, 14, 15, 17, 18, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за финансии: 1, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 16, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 8, 9, 17, 18, 27, 28

Ова е одличен период за да се одморите и да го релаксирате умот, бидејќи изминатиот период се занимававте со многу работи. Одморете се целосно од себе и посветете им се и на другите луѓе и бидете свесни дека доброто не доаѓа само од вас, туку и од другите луѓе. 

До деветнаесетти април постојат можности за релаксирани патувања, одење во кино и театар и фини спортови. Вашата креативност ќе биде посилна од вообичаено. Ќе верувате дека сте поспособни од вообичаено.

Април ќе биде одличен месец и во однос на финансиите и здравјето. Ќе заработувате малку повеќе од вообичаено и наградите ќе ги добивате брзо, без одложувања и комплицирање. Внимавајте на работите кои ги купувате, можеби ќе дуплирате некои работи поради непромисленоста. 

Добро би било да започнете да се занимавате со некоја физичка активност во текот на овој месец, бидејќи ќе имате многу енергија и убаво би било да ја искористите на овој начин. 

Ве очекува моќна романтична средба во периодот меѓу петнаесетти и шеснаесетти април. Сепак, генерално ова ќе биде убав месец на полето на љубовта за вас по шести април. Ве очекуваат многу интересни моменти.

Јарец

Најдобри денови: 1, 8, 9, 17, 18, 27, 28

Најстресни денови: 6, 7, 12, 13, 19, 20, 21

Најдобри денови за љубов :  6, 7, 12, 13, 14, 15, 16, 25, 26, 27

Најдобри денови за финансии : 1, 2, 3, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 16, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30

Најдобри денови за работа/кариера: 6, 14, 15, 19, 20, 25, 26

Здравјето и енергијата ви беа на ниско ниво во текот на март, а тоа продолжува и во поголемиот дел од април. Не дозволувајте да бидете презаморени. Тоа ќе ви донесе повеќе лошо отколку што мислите. Обидете се да се релаксирате со масажа и поминувајте повеќе време во природа, бидејќи тоа ќе ви ги разбистри мислите.

Ќе се случат повеќе промени во однос на кариерата и тие ќе бидат затскриени, така што нивните ефекти ќе ги почувствувате подоцна. 

Април ќе биде просперитетен месец за вас, со силна позитивна стимулација. Тоа ќе ви донесе зголемување на заработката и можност за плаќање на долговите. Постојат можности и за финансиска помош од надредените или пак членовите на вашето семејство. Оние кои бараат работа ќе се соочат со позитивни моменти на петнаесетти и шестнаесетти април.

Водолија

Најдобри денови: 2, 3, 10, 11, 19, 20, 21, 29, 30

Најстресни денови: 8, 9, 14, 15, 16, 22, 23

Најдобри денови за љубов :  6, 7, 14, 15, 16, 25, 26, 27

Најдобри денови за финансии: 1, 4, 5, 8, 9, 12, 13, 17, 18, 22, 23, 27, 28

Најдобри денови за кариера: 1, 8, 9, 17, 18, 22, 23, 27, 28

Вашата трета куќа на комуникација и интелектуални интереси станува многу елоквентна во текот на овој месец. Ќе се чувствувате моќно и ќе зборувате многу. 

Ве очекува мала семејна драма на седми и осми април. Сепак, тоа не е ништо лошо бидејќи ќе ви помогне да се фокусирате на семејството и семејните односи.

Овој месец ќе донесе многу стари спомени и многу размислувања за работите кои се случиле. Многу нешта некогаш ќе ви изгледаат како катастрофи, а некогаш пак како мали инциденти. Ќе анализирате премногу и затоа потрудете се да се занимавате со нешто друго за да не размислувате за тие нешта. 

Важно е да се одморите во текот на овој месец, бидејќи така ќе ги избегнете депресијата и нервозите. Обидете се да го одржите вашето расположение на позитивно ниво и да не дозволувате вашите лични нервози да предизвикуваат штета на односите со другите луѓе.

Љубовта изгледа среќно овој месец. Таа ќе биде присутна во вашиот живот во текот на целиот месец, и тоа во многу позитивен контекст.

Риби

Најдобри денови: 4, 5, 12, 13, 22, 23

Најстресни денови: 10, 11, 17, 18, 24, 25, 26

Најдобри денови за љубов: 6, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 25, 26, 27, 28

Најдобри денови за финансии: 1, 6, 7, 8, 9, 14, 15, 17, 18, 24, 25, 27, 28

Најдобри денови за работа/кариера: 1, 8, 9, 17, 18, 24, 25, 26, 27, 28

Во овој месец ве очекува голем просперитет и многу можности во однос на работата. Тоа значи заработка од тргување, дополнителна па дури и нова работа. Ќе имате одлична професионална репутација која ќе ви помогне и да се чувствувате многу самоуверено. 

Време е да се посветите повеќе на домот, семејството и вашата емоционална благосостојба. Вашето здравје ќе биде во добра состојба во текот на овој месец, но добро би ви дошле одредени промени кои ќе придонесат за негово подобрување. 

И љубовта е среќно поле за вас во текот на овој месец. Сепак таа носи мали компликации. Ве очекуваат интересни средби во кафулиња, маркети, библиотеки и многу неочекувани места каде никогаш не би очекувале да најдете љубов и романтика. Сепак, доколку сте во врска, ова е клучен месец за надминување на разликите и конфликтите со вашата сакана личност.