Мелодија што гали душа, велат фановите за новото музичко остварување на Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранко Николовски од Фолтин откако истото вчера беше промотивно објавено на Јутјуб платформата.
„Крв да ни се стори“ е насловот на нивната заедничка песна чие објавување е со навистина погоден тајминг - токму во оваа доцна есен.
– Нова соработка со стари пријатели. Секогаш големо уживање, вели Дуке Бојаџи.
– Некогаш, од неврзан „битолски“ муабет во „dm“ може да се роди нешто баш убаво.”Крв да ни се стори” е танц на копнеење во двојка…од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино, пишува Каролина во описот на својот Инстаграм профил.
Музиката и текстот е на Пијан славеј, аранжманот го потпишува Дуке Бојаџиев, а како продуценти се потпишуваат Дуке Бојаџиев, ОХО продукција и Ивица Јанкуловски.