Каролина и Филхармонија со два нови концерта во Скопје

Бидејќи двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без билети, „Авалон“ информира дека одлучиле да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20 и 22 февруари, на исто место.

„Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија. Билетите по цена од 1 000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на ‘Авалон’ низ Македонија”, соопшти „Авалон продукција“