Маж на возраст од 87 години им подлегнал на тешките повреди синоќа околу 00:50 часот на КАРИЛ, откако претходно паднал од дрво.

Од полицијата информираат дека К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар откако паднал од дрво додека берел јаболки.

Поради тешките повреди К.М. починал по полноќ на КАРИЛ.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.