Малолетници се обиделе да извршат кражба во фабрика во Скопје, нападнале и вработен со тврд предмет

Вчера во 15.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, поради тоа што околу 13.40 часот во фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров, се обиделе да одземат една метална демонтирана ограда, а при тоа еден од малолетниците со тврд предмет нападнал еден вработен во фабриката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.