Нови пријави за физички напади низ Скопје

Поплава на физички напади на цела територија на Скопје бележи билтенот на МВР. Најчести актери во овие немили настани се малолетници.

Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 03.40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пријавите во МВР продолжуваат и во остатокот од денот.

- во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- во 17.32 часот во СВР Скопје, З.П.(41) од Скопје пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Ј.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- во 19.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(24) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 16.00 часот во селото, по претходни недоразбирања, била физички нападната од К.Л.Д.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

- во 21.07 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Р.Е.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.