Македонија се уште на црната листа по бројот на несреќи при работа.
Во 2017 година регистрирани се вкупно 134 лица и тоа најчесто на возраст од 25 до 34 години додека 30 работници го загубиле животот. За жал голем дел од работодавачите се уште сметаат дека вложувањето во безбедноста и здравјето при работа е трошок додека кај вработените пак постои страв дека ќе го изгубат своето работно место доколку пријават.
Со измени во законската регулатива , особено со построги казни и инспекциски надзор се очекува поголема безбедност на работниците.
Инаку од македонското здружение за заштита при работа со дополнителна едукација ,обуки и проекти се обидуваат да ја подобрат сликата и нагласуваат дека во обезбедувањето на безбедни работни услови потреба е вклученост од сите страни.