Љубанци и Љуботен конечно ќе добијат вода за пиење, вети Костовски

Општина Бутел наскоро ќе започне со изработка на целосната проектна документација за проектот за  стабилно водоснабдување за Љубанци и Љуботен. Носечкиот проект пред изборите ќе биде реалност! 

- По завршување на целиот проект, истиот ќе биде предаден на нашите стратешки партнери САД со чии финансиски средства ќе се реализира овој голем проект. Со ова може да се каже дека проблемот со вода за над 3.500 жители ќе биде конечно решен и жителите на овие две населени места ќе добијат питка вода за пиење, порача градоначалникот Дарко Костовски. 

Тој изрази голема благодарност до нивниот најголем стратешки партнер Амбасадата на САД со чија целосна поддршка се реализира еден од најголемите проекти во историјата на Општина Бутел.