Лекот на Фајзер одобрен во Велика Британија

Лекарите од Велика Британија ќе можат да го користат лекот на Фајзер, како дел од редовната терапија против ковид-19. 

Индикациите за употреба на лекот ќе се проценуваат според пациентот индивидуално. 

„Паксловид“ е најефикасен кога се зема во раните фази на болеста, во рок од пет дена од почетокот на симптомите на ковид-19, објави денеска британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), пренесува „Ројтерс“.

Одобрувањето доаѓа во време кога Британија речиси секојдневно се соочува со рекорден број на нови случаи на ковид, благодарение на брзото ширење на сојот омикрон.