Кратка, но поучна лекција од Лав Толстој

 

Многу кратка, но поучна лекција од легендарниот руски писател Лав Толстој која ќе ве замисли за миг!

„Луѓето им се обраќат на други луѓе со Ваша екселенцијо, Ваша светлост, Ваша племенитост, милостлив господине, господару, но само едно име им личи на сите, а не навредува никого. 

Тој збор е „брате“ или „сестро“. Тој збор е добар затоа што нè потсеќа на оној Отец, пред кого сите сме браќа и сестри. 

Сè додека луѓето не ги сметаат сите други луѓе за свои браќа, а животот највисокото од сите добра, секогаш ќе го уништуваат животот на другите луѓе заради лични интереси.“

Лав Толстој