Лав Толстој: Сите сакаат да го сменат светот, но никој не сака да се смени себеси

Лав Толстој е големиот руски писател, автор на познатите „Ана Карењина“ и „Војна и Мир“. Ова се неговите најпознати мисли.

Сите сакаат да го сменат светот, но никој не сака да се смени себеси.

Ако бараш совршеност, никогаш нема да бидеш задоволен.

Само луѓето кои се способни силно да сакаат, можат да поднесат голема болка.

Биди лош, но барем не биди лажго, подмолник.

Тивок и мирен живот на село, со можноста да се биде корисен и да се прави добро, за оние кои не се навикнати на тоа, да се одмара, природа, книги, музика, љубов за соседите – тоа е мојата идеја за среќа?

Слободните луѓе се оние кои имаат волја да ги искористат своите умови пред предрасуди и без страв да ги разберат работите кои се судираат со нивните привилегии, навики и верувања.

Најголемите војници се трпението и времето.

Тие не знаат што е среќа, не знаат дека без оваа љубов не постои ниту среќа, ниту несреќа за нас – не постои живот.

Секоја лага е отров, не постојат бели лаги. Само вистината е безбедна.