Ковид-19 е на трето место од најчестите причинители на смрт во Македонија

Вкупно 25.775 лица починале лани, што е дури за 26 отсто зголемување во однос на 2019 година, кога починале 20.446 граѓани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави Фокус.

Иако живееме во време на пандемија, всушност ковид-19 не е најчестата причина за смртност кај пациентите. Луѓето повеќе умирале од срцеви заболувања, а потоа и од малигни. Опасниот коронавирус се наоѓа дури на третото место. 

Од почетокот на пандемијата многупати се реагира дека фокусот на лечењето е ставен на ковид-19 и дека другите болести се занемарени.