Колку прекрасни работи пропуштаме во животот...

Една ладна сабота, на една метро станица во Вашингтон, се појавил еден човек и почнал да свири виолина. Тој ги свирел делата на Бах и тоа го правел околу 45 минути, во време на најголемата гужва во градот. Пресметано е дека околу 1000 луѓе поминуваат низ таа станица, особено оние кои одат и се враќаат од работа. Еден средновечен човек, проаѓајќи покрај него, малку го забавил својот чекор додека ја слушал музиката, но продолжил да оди. 

По една минути, виолинистот го добил својот прв долар, некоја жена ја оставила парата и продолжила понатаму. По неколку минути, еден млад човек се потпрал на ѕидот, со намера да слуша, но набргу го погледнал часовникот и продолжил понатаму. 

Најголемо внимание му посветило едно тригодишно дете. Неговата мајка му велела да побрза, не дозволувајќи му да се задржи таму. Детето продолжило да оди, но постојано се вртело кон виолинистот. Истото се повторило со сите родители со деца.

Во периодот од 45 минути, само 6 луѓе застанале да слушаат. Околу 20 луѓе му оставиле пари, продолжувајќи да одат со истата брзина. Собрал 32 долари. 

Никој не забележал кога престанал да свири. Никој не аплаудирал, ниту пак добил некакво внимание и признание. Никој не се ни посомневал дека се виолинистот бил Џошуа Бел, еден од најдобрите музичари на светот. Свирел на виолина вредна 3.5 милиони долари. 

Два дена пред тоа, билетите за неговиот настап во театарот во Бостон биле распродадени во рекордно време, а билетите во просек чинеле 100 долари. Овој експеримент го организирал весникот „Вашингтон пост“, за да ја истражи социјалната перцепција и приоритетите на луѓето.

Дали некогаш ќе ја забележиме убавината?

Дали сме во состојба да препознаеме талент во неочекуван контекст? Ако немаме време да го слушнеме еден од најдобрите музичари во светот кој ја свири најубавата музика, мора да се запрашаме...

Колку други прекрасни работи пропуштаме во животот?