Колку малку ни недостасува?

Остварувањето на целите како качување по скали. Секој ден успеваме да совладаме барем еден предизвик, да се качиме на следното скалило. Така, секој  нов ден сме поблиску до успехот од вчерашниот ден.

Додека се качуваме, околу нас минуваат  луѓе (познати и непознати), некои нè застануваат и нè прашуваат каде се наоѓа некоја конкретна улица, некои ни се насмевнуваат, некои пак дрско нè погледнуваат, но сепак без оглед на сè  – продолжуваме да се качуваме.

Понекогаш се случува условите да не се идеални, некогаш врне дожд, некогаш дува ветер, понекогаш сме гладни и уморни, но ние повторно продолжуваме. И, треба да продолжуваме. Бидејќи така знаеме дека ќе стигнеме до целта.

При одењето по скалите, низ глава ни поминуваат милион мисли… некои од нив се мотивациски, некои  обесхрабрувачки, но на нив не треба да се осврнуваме бидејќи за нас е важно да го следиме тоа во што веруваме.

Кога  ќе стигнеме до врвот на скалите и штом погледнеме назад, можеме да сфатиме колку сме постигнале и да бидеме горди на себе поради трудот којшто сме го вложиле. Не е важно колку време ни е потребно за успехот, важно е дека сме победници. Сме ги победиле сите предизвици и сме ја оствариле својата цел.

Дали вие денес совладавте барем еден предизвик и колку скалила искачивте во однос на вчерашниот ден?