Влегоа во напуштената вила на нарко-дилерот, а она што го видоа внатре е неверојатно!

Огромна куќа на периферијата на канадска метропола, очигледно е напуштена во брзање. 

За сите кои сакаа та ѕирнат во внатрешноста на огромната вила, јутјуберот Џош им овозможи, макар на виртуелен начин да се прошетаат низ раскошот кој се гледа само во холивудските филмови. 

Џош, кој на популарната социјална мрежа „Јутјуб“ има речиси 2 милиони следбеници, реши да ја посети вилата во предградието на Торонто, чиј сопственик е обвинет дека тргувал наркотици. Огромна куќа, во предградието на канадската метроопола, напуштена е во брзање, а пред куќата се наоѓа голема фонтана, а веднаш по влегувањето внатре не може да не бидете фасцинирани од затворениот водопад. 

Но тоа е само почеток, големата куќа крие одаи опремени за одгледување на марихуана, сауна и џакузи во вид на отворена школка. На приземјето се наоѓа и детската соба, потполно исфарбана во розева боја, а колевката е сместена во самиот центар на собата. Интересно е што во некои делови на куќата можат да се забележат искршени ѕидови, како некој во брзање да морал да извади нешто што претходно го сокрил. 

Погледнете го видеото: