Кој збор лошо влијае на успехот во кариерата?

Дарлен Прајс во својата книга за комуникацијата на работа тврди дека зборовите кои ги користиме, ако не ги одбереме внимателно, можат многу да му наштетат на нашиот кредибилитет, на односот со другите лица, но и на шансите за напредок во работата.

– Зборовите се важни, тие се клуч за убедлива комуникација, без оглед на публиката или темата за која разговарате. Лидерот користи јазик за да би влијаел на нечие мислење и за да оствари одреден резултат – вели Прајс.

Во интервјуто за Бизнис Инсајдер открива дека единствениот збор или фраза кој родените лидери и успешните луѓе никогаш не го користат во деловното опкружување е – „ќе се обидам“.

Ако шефот ве замоли да направите нешто, а вие му одговорите со „ќе се обидам“, тој веројатно нема да биде воодушевен. Затоа, ако сакате да бидете уверливи и да покажете дека сте способни добро да ги обавувате своите обврски, зборот „ќе се обидам“ избегнувајте го.